Шахпаска: Согласно новиот закон секој вработен во некоја институција, сведок на насилство, е должен е да го пријави
Заради надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77