Царовска: Повеќе од 14 илјади ученици пријавија државна матура
Повеќе од 14 илјади ученици пријавија државна матура, што укажува дека тие сакаат да полагаат државна матура, рече денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека Министерството и Владата имаат законска обврска да ја организираат, со цел да им го остварат на учениците законски гарантираното право да полагаат матура