Дури денеска на собраниска комисија поминаа измените на Законот за лекови со кој се овозможува влез на ковид вакцини
Собраниската Комисија за здравство попладнево на седница даде поддршка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова.