Карантин при влез во Германија, доколку граѓаните престојувале во ризично подрачје од Ковид-19
Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од Северна Македонија, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19“