Пристап до интернет преку мобилна мрежа имаат 1 348 663 претплатници
Заклучно со третиот квартал лани во државава се регистрирани 1 348 663 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилните мрежи, што е за 92 048 повеќе споредено со вториот квартал, односно за 46 000 во однос на третото тримесечје во 2019, покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за електронски комуникации