Законот донесен, власта планира да спроведе попис од 1 до 21 април
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, а за негова доследна реализација ќе биде изготвена методологија и други пропратни документи. Конечната одлука за одржување на пописот во земјата, прв по 19 години, беше потврдена со вчерашното гласање во Парламентот, зад кое, како што најави, не застана најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ