За 6,8% зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19, минатата недела починале вкупно 79 пациенти
Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 градови, со зголемување од 6,8 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, три лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.