Кравите мора да се молзат во недела за да има млеко во понеделник, вели Шахпаска за „проектот“ недела неработен ден
Коментирајќи го суштинскиот проект на Владата на Република Македонија, недела да биде неработен ден, министерката за труд и социјална политика во гостувањето на Телевизија 24 истакна дека не се откажуваат од оваа идеја, но оти имплементацијата нема да започне додека трае пандемијата.