Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ денеска ќе престојува во работна посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи
Фондација за интернет и општество Метаморфозис денеска ќе организира еднодневна обука (вебинар) за медиуми, медиумски работници и независни новинари (фриленсери) за запознавање со теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан
Во следниот период акцентот во разговорите меѓу Скопје и Софија ќе биде ставен на Акцискиот план, кој македонските претставници го гледаат како еден вид платоформа со која ќе се „олабави“ атмосферата на релација Бугарија- Македонија.
Со успешен попис добиваат граѓаните и државата, порачаа вчера од владејачката СДСМ, а опозициската ВМРО ДПМНЕ повтори дека се подготвува за акција за собирање потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, за кој завчера во Собранието заврши расправата.
Следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од „Фајзер“ и „КОВАКС“ вмеханизмот, а здравствениот систем, како што велат, е подготвен за вакцинација.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 398 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот
Слатката вода е драгоцен, но ограничен ресурс, неопходен и незаменлив не само за одржување на животот, туку и од аспект на обезбедување на социјална добросостојба, економски просперитет и здравје на екосистемот
На споменот на Обрезанието Господово и на Свети Василиј Велики, во Бигорскиот манастир, покрај традиционалното прекршување на василопитата, во спомен на Свети Василиј Велики и чудото што тој го направил, пред владиката Партениј игумен на Бигорската обител, беа изведени повеќе возобновени божикни и новогодишни каланди