Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир
Во Бигорскиот манастир пред владиката Партениј, игумен на Бигорската Обител, и со негов благослов, првпат ќе бидат изведени возобновени коледарски песни или каланди, на празникот посветен на св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година по Јулијанскиот календар