Административниот рок не смее да биде пречка за помошта од 6.000 денари, вели Заев
Целта е финансиската поддршка од по 6.000 денари да стигне до секој граѓанин на кој по закон му следува, и не смее никаков административен рок, да биде проблем за тоа, порача премиерот Зоран Заев, барајќи флексибилност од банките и најавувајќи дека доколку е неопходно ќе се донесе и законско решение.