НВО Инфоцентар: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста
Набљудувањето на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во време на пандемијата КОВИД-19, покажа дека локалните власти треба да ја зајакнат транспарентноста и отчетноста на својата работа особено во спроведувањето на постапките и трошењето на буџетските средства, соопшти денеска НВО Инфоцентар