Бројот на невработените е зголемен и поради пријавување на лица кои сакаат да користат финансиска помош, вели Шахпаска
Според податоците на Агенцијата за вработување, од март до декември односно во период на епидемијата, бројот на невработени е зголемен за 0,3 проценти, но споредбата на ист период односно третиот квартал во оваа година во однос на 2019 година покажува дека невработеноста кај нас е намалена за 0,6 проценти, односно 16,5 наспроти 17,1 проценти.