Со 62 гласа „За“ донесен буџетот за 2021, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и АА-ААА ја напуштија седницата
Пратениците во Собранието вечерва со 62 гласа за, без против и воздржани, го изгласаа Буџетот за 2021 година. Собранието го донесе и Законот за извршување на Буџетот. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.