Ѓоргиев: Не можеме да прифатиме терминот “заедничка историја“ да биде вулгарна политичка алатка за докажување на „историски вистини“
Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година.