Бројот на заболени од сезонски грип е дупло помал во споредба со лани, хронично болните не треба да се вакцинираат со комерцијална вакцина
Апсолутно нема потреба граѓаните или пациентите со хронична болест на кои им следува според критериумите бесплатна вакцина, да оди и да се вакцинира со комерцијална вакцина, рече во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.