Македонија ќе склучи договор за набавка на вакцини, за новите предлози на Комисијата за заразни болести ќе се прават законски измени
Како што се наведува во соопштението од седницата, за воведување на новите рестриктивни мерки неопходно е да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, со што ќе се обезбеди можност за нивна имплементација со подзаконски владини акти.