Млади лекари кои добија лиценца за работа во јули ќе бидат ангажирани на инфективните клиники
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа средба со младите лекари, од кои 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, ќе бидат ангажирани на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19.