Трицифрени бројки на активни случаи на Ковид-19 во седум градови во Македонија
Од 115 новодијагностицирани на КОВИД-19 во изминатите 24 часа, најмногу се од Скопје (32), а двоцифрен е бројот и во Штип – 14, Гостивар – 11 и во Тетово – 10. Помалку од десет новозаразени имаат 13 општини: по осум случаи се во Дебар и Берово, седум во Куманово, четири во Свети Николе, по тројца во Делчево, Охрид, Гевгелија, Крива Паланка и Кичево, двајца во Прилеп и Велес и по еден нов случај во Кочани и Пробиштип