Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник
Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, повтори денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на средбата со новинарите, потенцирајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата.