Заев на 29 и 30 мај во официјална посета на Малта
Како што соопшти владината прес-служба, на првиот ден од посетата на 29 мај премиерот Заев ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со премиерот на Малта Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации.