Министерот Николовски очекува успешна земјоделска година
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува успешна земјоделска година. Оптимизмот го темели на поволните временски услови, на навремената исплата на субвенциите, но и на информациите од постојаните контакти и средби со земјоделците и нивните здруженија.