Состанок на Поповски со раководни лица за објавување службени трошоци
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска во Владата на Република Македонија одржа втор состанок со функционери и именувани раководни лица, на кој се разговараше за исполнување на заложбите на Владата на Република Македонија за поголема транспарентност и отчетност, односно објавување на нивните службени трошоци.