Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков за Прес24 вели дека дека со Љубе Бошкоски се поздравиле од култура, а не како знак на извинување.
Џезаир Шаќири може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може да помогне и во граењето на концептот „едно општество за сите“.
Поднесено е обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје.
По кратката пауза што беше дадена поради проблеми со компјутерскиот систем во Кривичниот суд, премиерот Зоран Заев како обвинет во случајот „Поткуп“ продолжи со давање исказ во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште.
Според Елена Петровска од „Хера“ од Скопје, целта преку вакви трибини е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации на локално ниво, на општините и на носителите на одлуки, кои треба да работат во интерес на заштитата на човековите права.
Во македонското Собрание денеска се одржа јавна расправа во врска со измените и дополнувањата на Законот за вработување инвалидни лица, кои според предлагачите, се направени по препорака на државен ревизор, со цел поефикасно и наменско трошење средства од посебниот фонд.
Проектот „ЛИДЕР – Образование, лидерство, развој“, од денеска и во следните две недели по 11-ти пат ќе се спроведува во Македонија.
Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба .
Имам чест и задоволство, во мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви го честитам 7 - ми Мај, Денот на полицијата на Република Македонија.
Терапијата за превенција од маларија влезе во нашиот следен тендерски интервал кој ќе почне идниот месец. Сега се обидуваме да најдеме заинтересирана компанија која преку интервентен увоз ќе достави мала количина терапија против маларија.