Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“, што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство.
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за надворешна политика, за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Матис укажал дека поканата за членство во НАТО ќе следува „веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение на прашањето за името“ со Грција.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Матис на почетокот од средбата потсетил на зборовите на министерката Шекеринска на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, за предизвиците со кои се соочува Западот.
Секој треба да се откаже од нешто, порача Заев, зашто Владата и службите, извршителите и нотарите, постојат и работат заради граѓаните и треба да се има чувство за нивната социјална состојба.
Заев на прес-конференција по Економско-социјалниот совет напомена дека фирмата на неговиот брат не работи, ниту ќе работи на ископ во РЕК „Битола“ или во други државни фирми.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска ги достави барањата на синдикалците до Владата на Република Македонија.
Претставниците во Собранието и во Владата треба да внимаваат на работничката класа, бидејќи преку нас работниците се остваруваат сите благодати во оваа земја.
Департизација на Собранието за вистинска промена на законите и демонтажа на системскиот правен хаос, побараа синдикатите на денешниот протест пред македонскиот Парламент.
Бараме пристојни услови за работа и пристојна плата, порача денеска претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Тамара Чаушидис пред почетокот на Првомајскиот протест.