Фокусот е на решение за името, а не на роковите, вели премиерот Заев
Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.