Трибина „Името и идентитетот: академски одговор“
Грција нема проблем само со името на нашата земја, туку и со нашиот идентитет, односно нацијата, јазикот, културата и традицијата и затоа треба да се прекинат преговорите, е главната порака од јавната трибина на тема „Името и идентитетот: академски одговор“ што денеска се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.