За Демократската унија за интеграции неприфатливо е името „Славомакедонија“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во Собранието на Република Македонија.
Претходно, Коѕијас се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, на што претходеа и одвоени средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, и со премиерот Зоран Заев.
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Македонија по гласањето на законот за јазиците треба да се посвети на реформите, изјави денеска францускиот амбасадор Кристиан Тимоние денеска во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање во врска со законот за јазиците.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Двајцата разговарале за напредокот во меѓусебната соработка, активностите на двете земји за унапредување на комуникацијата, како и мерки за градење доверба меѓу двете земји.
Иднината на Македонија и Грција треба да биде во фокусот на преговорите на двете земји за решавање на спорот со името, му порача денеска премиерот Зоран Заев на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
Грчката Канцеларија за врски во Скопје денеска организираше прием по повод Денот на независноста на Грција, кој се поклопи со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Македонија.
- Лекарите не можат да препознаат ТБЦ. Немаме катедра за едукација на кадар, изјави д-р Предраг Божичковиќ, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите, како и одржување на пријателска атмосфера, сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави.
Сложено име, со географска одредница, кое ќе биде слеано и во себе ќе го содржи името Македонија доколку се изговори брзо може да се случи да не се слушне зборот Македонија, порача шефот на македонската дипломатија.