Ќулавкова: Потребна е дебата за Законот за јазици
Академик Катица Ќулавкова денеска предложи МАНУ на посебна седница да изгради став за новиот Закон за употреба на јазиците и со него потоа да оди пред јавноста, во функција на давање стручен и научен совет за едно, како што рече, суштествено прашање како што е јазикот, интегритетот и унитарноста на државата.