Османи: Немаме намера да го штитиме Асани
Вицепремиерот, Бујар Османи, ги повика денеска надлежните да преземат мерки во врска со навредите и заканите што Беќир Асани од ДУИ му ги испраќал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој денеска го осуди однесувањето на Асани и рече дека ниту тој, ниту Владата, нема да штитат никого.