Претседателот на Собранието Талат Џафери на одбележувањето на 15 години од основањето на Клубот на пратеничките во Парламентот рече дека ќе започне со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела.
Оставка од Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево поднесоа и членовите Сејди Халили и Фарие Алиу, потврдија за МИА од Антикорупциска.
Комисијата за заштита од дискриминација по повод престојниот Ден на жената 8 Март изразува загриженост за високиот степен на дискриминација во областа на вработувањето и работните односи
Во последните три месеци лани Собранието донело 28 закони, од кои три се нови, 16 се измени, а девет се ратификации. Од донесените закони 12 се по скратена постаопка, а седум во редовна.
Премиерот Зоран Заев денеска повика на координиран и искрен пристап на сите институции, сите министерства, во справување со родово заснованото насилство и за усвојување на потребните законски измени.
Владата по четврти пат се предомисли за продажбата на Мерцедесот, одлуката за акуција денеска беше поништена. Денеска портпаролот Миле Бошњаковски соопшти дека додека не заврши судскиот процес за набавката на „мерцедесот“ од претходната влада, тој нема да се продава.
Според Бошњаковски, треба да се почека да заврши целиот процес за да се види како ќе оди назначувањето на нови членови во Комисијата.
Серијата оставки следуваат откако беше објавен извештајот од внатрешната ревизија во Комисијата. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
Истакна дека има напредок во комуникацијата меѓу политичките партии и оти се гради една базична доверба меѓу страните со цел да можат посуштински да расправаат за конкретни законски решенија.
Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, ќе се добие тој упат и тој пациент ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа таму каде што е упатен.