Бошњаковски: Оптимизмот за решение за името сè уште е на високо ниво
Работите за решавање на проблемот со името одат со предвидената динамика, а оптимизмот се уште е на високо ниво. Сакаме проблемот да се реши што побрзо и достоинствено, а решението да биде заемно прифатливо и за двете страни, порача денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.