Бејли: Има класичен конфликт на интереси во Советот за јавни обвинители
Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, ја критикуваше во понеделникот работата на Советот за јавни обвинители, откако беше објавено дека претседателот на Советот учествувал во носење одлука кога се одлучувало неговата внука да биде избрана за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција.