Бејли: Поддршката за ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја
САД и Европа и помогнаа на Македонија да излезе од она што се нарекуваше длабока политичка криза, истакна американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, на конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ-КОСАП, што денеска се оддржува во Скопје.