Манчевски: Деполитизација и правичен систем на плати, дел од реформите во јавната администрација
Стручна, ефикасна, отчетна и транспарентна администрација е еден од главните приоритети на Владата предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2020 година, чија содржина денеска ја презентираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.