Димитров: Атина сака име во кое ќе има јасна дистинкција меѓу нашата и нивната Македонија
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во емисијата „Панорама“, што се емитуваше синоќа на бугарската телевизија БНТ1 повтори дека не може да зборува какво име договараат Македонија и Грција. Рече дека иако знае дека интересот на јавноста за ова прашање е големо, спека, не може да открива детали.