Коѕијас и Димитров ќе се сретнат во Софија
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 февруари, на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, објави Независната Балканска новинска агенција – ИБНА.