Иванов: Да се сакаме меѓусебно, најмногу да си ја сакаме Македонија
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, заедно со својата сопруга Маја Иванова утрово беа на литургија во Соборниот храм во Скопје. По завршувањето, Иванов во кратка изјава за медиумите, ја честиташе Новата година, како и празникот Божиќ.