Собранието ја заврши расправата за нов јавен обвинител, ќе гласа на 22 декември
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 22. седница ја заврши расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде нов државен јавен обвинител, а гласањето претседателот на законодавниот дом Талат Џафери го закажа за 22-ри овој месец.