Рочиштето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд е одложено. Датумот за одржување ново рочиште ќе биде дополнително определен.
Министерството за култура во овој период добива голем број барања за префрлување актери и вработени во културата од едно место во друго, изјави министерот Роберт Алаѓозовски.
Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски средствата од бонусот за локалните избори во износ од 260.000 денари ги донирал во граѓанската организација „Полио плус – Движење против хендикеп“.
На свеченост по повод патрониот празник на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, денеска беше промовирана новата веб-страница www.pravopis.mk.
Македонија сака да учествува во сите регионални проекти и може да биде транспортен центар на Балканот, зашто преку неа минуваат два важни коридора, 8 и 10, потенцира премиерот Заев.
Македонија ги исполнува условите да почне преговори со Европската унија. Унгарија секогаш давала поддршка за Македонија да ги почне пристапните преговори за членство, но тоа е политичка одлука, изјави денеска унгарскиот амбасадор во Македонија.
Амбасадорот Љупчо Арсовски, кој беше прв дипломатски претставник на Македонија во Грција, во интервју за МИА вели дека не очекува на разговорите за името закажани за в понеделник во Брисел медијаторот Метју Нимиц да излезе со конкретен предлог.
Вкупно 25,28 милијарди денари или 406,55 милиони евра ќе биде буџетот за образованието во 2018 година што е пет отсто повеќе од 2017.
Aдвокатите на Латас побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж.
Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“, што се однесува на изборни нерегуларности.