Светиот синод на БПЦ денеска треба да го разгледува писмото што на 9 ноември му го упати Синодот на МПЦ-ОА, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.
Во Секретаријатот за европски прашања денеска ќе се одржи трибина со граѓанските сектор посветена на содржината, имплементацијата, како и значењето на Планот 3-6-9.
Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“.
Во Собранието денеска почнува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Предложениот буџет е на дневен ред во матичната Комисијата за финансирање и буџет, каде според деловникот расправата трае 10 работни денови.
Од утре во македонскиот медиумски простор се приклучува уште еден дневен печатен медиум „Независен“ весник. Дневниот весник ќе започне со дистрибуција низ Македонија, преку сопствена колпортерска мрежа.
Република Нова Македонија или Северна Македонија се алтернативите, кои Бутарис ги соопшти во интервјуто, при тоа потенцирајќи дека Грција никогаш нема да ја признае Македонија под нејзиното уставно име.
Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор.
- Нема да преговараме од страв и не можеме да излеземе со решение што нема да ни ги покрие главните грижи. Мора да најдеме начин двете страни да излезат со чувство дека најважното го заштитиле, истакнува Димитров.
Заев истакна дека реформите во безбедносните служби се во многу напредна фаза и дека моделот, по сите дебати во ресорното Министерство и во Владата, е веќе доставен до Собранието.
Според него, се работи за вкупно 39 луѓе кои асистираат буквално заради транспарентноста на работењето на Владата, но и од нив, како што рече, ќе останат многу помалку.