Пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката.
Тој истакна дека во Белград се чувствува како во свој дом, а во Србија допатувал со цел да се унапредат односите меѓу двете пријателски држави и да се развие соработката на ниво кое го заслужува вековното пријателство меѓу народите на двете земји.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека законот за јазици е мошне разумно барање, но напомена оти тој не е дел од приоритетите на Брисел, што во моментов се бараат од Македонија на патот на нејзината интеграција во Европската унија.
Двајцата соговорници го изразија своето задоволство од досегашното ниво на соработка меѓу двете земји и ја истакнаа својата определба да придонесат овие односи да се продлабочуваат и зајкануваат и во иднина.
Првпат по долг период Македонија и Грција имаат одлични пријателски односи, кои се градат со интезивирање на посетите и меѓусебната комуникација, изјави премиерот Зоран Заев
Согласно уставните овластувања на претседателот на Република Македонија, предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата.
Работите одат во добра насока, посочи еврокомесарот, но треба уште да се работи, со реформа на безбедносните служби, правосудството и администрацијата.
Сите треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата и за елиминирање на секаков вид насилство, истакна народниот правобранител по повод 20 Ноевмри – Светскиот ден на детето.
До 30 ноември медиумските здруженија, поединци и други засегнати ќе можат на страната на ЕНЕР да остават забелешки за втората драфт верзија на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Де факто, вели Димевски, во ситуација сме во која не сме признаени де јуре од ниедна православна црква како автокефална и од тој аспект немаме што да загубиме доколку би биле признаени од страна на Бугарската православна црква.