Владата, според него, отвори инклузивни политики во државата, и очекува и опозицијата да одговори на својот дел од обврската и да придонесе во развојот на државата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека истрагата за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев е во напредна фаза.
Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува овие измени да бидат донесени до идниот петок и да се затвори ова прашање.
Владата е согласна да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев вели дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности.
– Вие во наредните три месеци ќе ја поминете основната воена обука и со вас ќе работат врвни старешини. По успешно дадената обука вие можете да се пријавите за еден од конкурсите за служба во АРМ, потсети потполковник Јакупи.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор за прашањето за името, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.
Има начелна согласност од сите политички партии застапени во Собранието за прифаќање на дијалогот „Жан Моне“, изјави известувачот на ЕП за Македонија Иво Вајгл по дводневните разговори со координаторите на пратеничкитре групи во македонскиот законодавен дом.
За критиките и отворените писма на вработени во Институтот во однос на законот што се предлага, Јованова-Грујовска рече дека тоа се ставови на дел од вработените, а не официјален став на Институтот за македонски јазик.
Петдневна манифестација Отворени денови ќе организира Институтит за македонски јазик „Крсте Мисирков“ наредната работна седмица ( 13-ти до 17 ноември).
Министрите информираа дека е подготвен детален план за активностите и мерките кои треба да се реализираат во периодот до декември – јануари, кога ќе се финализира и делот шест од Планот 3-6-9.