Како што информира владината прес-служба заедничката седница со Владата на Република Бугарија ќе се одржи на 23 ноември, а со Владата на Република Албанија на 2 декември.
Дванаесет здравствени установи ќе добијат 40 инкубатори за интензивна нега, одлучи Владата на денешната седница. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ќе добие 24 инкубатори.
Судскиот совет за идната среда ја закажа „итната седница“ на која ќе биде разгледана оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопje 1, Стојанче Рибарев.
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров ја започна регионалната турнеја на балтичките земји со официјална посета на Република Естонија.
Од тројцата судии кои треба да одлучуваат за овој предмет, на јавната седница присуствуваа судиите Јани Нича и Африм Фидани, како и четворицата адвокати што ги застапуваат обвинетите.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11:00 часот ја закажа 18. седница на која на дневен ред се неколку точки на дневен ред. Според информациите од Собранието дополнително ќе биде закажана седница за верификација на мандатите на новите пратеници.
Здружението на новинари на Македонија ја повикува Владата итно, во најбрз можен рок, да обезбеди средства за подмирување на долгот што МРТ го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра.
Министерствата треба во рок од 15 дена на своите веб-страници да објават листа на 21 документ со цел поголема транспарентност и отчетност на државните органи пред граѓаните, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Делегацијата на ЕУ во Скопје задутре на состанок ќе ги прецизираат деталите околу анализата на субвенциите, нивниот ефект и влијанието врз земјоделството.
Обвинителите од СЈО, пак, побараа пасошот да не му се враќа, бидејќи според нив, неговото отсуство би довело до одложување на процесите кои се водат против него.