Настанот ќе се одржи во ЕУ инфо центарот, а на него ќе се обрати шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар. Наградите ќе ги соопшти претседавачот на жирито Бардуљ Заими.
Основното јавно обвинителство – Скопје по завршената истрага поднесе обвинителен акт против лицето Љ.С., кое на 1 јуни годинава пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Манчевски се осврна на проблемот со масовното прислушувањето за кое е обвинета претходната власт и ги пренесе заложбите на новата Влада за воведување на силни заштитни механизми кои ќе спречат нелегално прислушување.
Со показната вежба „Кордон и потрага“ припадниците од армиите на земјите учесници на воената вежба „Здружена реакција-17” денеска ги реализираа завршните активности.
Ставката на донации на АЕК е намалена од предвидените 75 милиони денари на 4.615.000 денари.
Судскиот процес за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска е одложен поради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска, соопштија од скопскиот Кривичен суд.
Декларација против физичко и вербално насилството врз докторите на медицина, стоматолозите, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и други здравствени работници.
Спогодбата денеска ја потпишаа генералниот директор на Националното биро за осигурување на Република Македонија Трајче Латиновски и директорката на Националното биро за осигурување на Република Словенија Маја Крумбергер.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, го одби како неосновано барањето за укинување на мерките за претпазиливост на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет од СЈО во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
Премиерот Зоран Заев во свое и во име на Владата им го честиташе денеска Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на бошњачката заедница во Македонија.