Во Република Македонија, во академската 2016/2017 година се запишани вкупно 58.083 студенти што претставува намалување за 3 отсто во однос на претходната академска година, аоопшти Државниот завод за статистика.
Одлуката ќе се применува од 1 септември. Со неа се утврдува дека почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот со вкупно времетраење на работниот ден од 8 часа.
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 12. седница на која ќе расправа за состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција на државата.
Судскиот совет на Република Македонија на вчерашната седница донел одлука да се ставаат вон сила сите активни огласи за избор на судија или претседател на суд, поради повторно огласување.
Воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Министерството за одбрана и Војската на Црна Гора.
Во јавните средни училишта во Македонија утре ќе се спроведе второто пријавување во јунскиот рок за упис во прва година во учебната 2017/2018 година, а резултатите за запишани ученици ќе бидат објавени следниот ден, 6 јули.
Како што соопшти владината прес-служба, Република Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на овој значаен настан.
Првата група припадници на македонската полиција пристигна во Албанија и тие главно се распоредени во подрачјето на бисерот на албанското крајбрежје, градот Саранда, каде ќе и помагаат на албанската полиција.
Нови директори се именувани во универзитетските клиники за нефрологија, токсикологија, кардиологија и за очни болести, информира Министерството за здравство.
Основниот суд Скопје 1 - Скопје денеска соопшти дека е одбиено барањето за притвор за лица обвинети во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, а се определени мерки за претпазливост.