Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе биде направен обид во Парламентот да се обезбеди двотретинско мнозинство за да може да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
Претседателот на Владата Зоран Заев и евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната средба разговaрале за приоритетите на новата Влада и за нејзината посветеност на европските интеграции.
На денешната прва седница на новата влада донесена е одлука министрите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, да бидат вицепремиери на владата, информираа од владата.
Лекарската комора на Македонија денеска одбележа 25 години од нејзиното основање. Министерот за здравство Арбен Таравари на свеченоста порача Комората и натаму да го одржува дигнитетот на докторите.
Промени во проектот „Мој термин“ на Министерството за здравство, односно отфрлање на казните за докторите, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, на одбележувањето на 25-годишнината на Лекарската комора на Македонија.
Во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за настанатите ситуации во Македонски железници каде од изутрина машинскиот персонал почна протест со прекин на работните обврски.
Тие бараат покажување на коефицинетот на машинските возачи од 2,7 на 3, на надозрникот на локомотиви од 2,5 на 2,7, на помошниците на машиновозачите од 2,3 до 2,6.
Пред 16 години, во конфликтот во 2001 година, згаснаа младите животи на Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
Стартот на годинeшното производство со пролетната зелка помина лошо. Продажбата одеше по осум до десет денари во април/мај. Сепак, најмногу загрижува тоа што количините се уште не се исплатени, изјави Велков.
Државна риболовна легитимација, дневна карта која чини 200 денари или сезонска од 2.000 денари, се услов за ловење риба на езерото Калиманци кое ја отвори сезоната.