Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет
Мицкоски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост-Богданци, одговорајќи на новинарско прашање, посочи дека откако ја добил информацијата за една силна активност на одредени политичари во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат ударот, кој повторно некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик.