Ангеловска: Стабилноста на земјата зависи од банкарскиот сектор, каматите не се простуваат никаде
Економската стабилност на земјата се заснова и зависи од банкарскиот сектор, кој сега е стабилен, а таков треба да остане и по завршување на корона кризата, но каматите на кредитите никаде не се простуваат, рече министерката за економија Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање дали е задовона од солидарноста на банките откако објавија дека ги одложуваат кредитите, но ќе пресметуваат камата за периодот во тек на одложувањето.