Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е здрав и може да се справи со шоковите, денарот е и ќе остане стабилен
Банкарскиот систем останува здрав и стабилен и има капацитет да се справи со шоковите што ги предизвикува состојбата со коронавирусот. Последните расположливи податоци, кои датираат од почетокот на оваа година, потврдуваат висока капитализираност, висока ликвидност и висок квалитет на активата со која располага системот, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска